Секогаш во средиштето на збиднувањата...

СЗО: Ковид-19 е шест пати посмртоносен од сезонскиот грип

Според најновите проценки на Светската здравствена организација, просечната смртност на заболените од Ковид-19 е 0,6 проценти.Ова го прави коронавирусот шест пати посмртоносен од сезонскиот грип. Според епидемиологот др. Марија Ван Керхоув, „можеби не звучи многу, но сепак е висока стапка на смртност затоа што убива еден од 167 заболени“.

Официјалните статистики покажуваат дека од почетокот на пандемијата починале 700.000 луѓе од 18,200 милиони, но според проценките тој број е многу поголем, односно околу 115 милиони и во тој случај стапката на смртност е 0,6 проценти.

За експертите е голем предизвик да ја проценат стапката на смртност од коронавирусот, бидејќи не се регистрирани сите смртни случаи од вирусот. Светската здравствена организација ја заснова својата пресметка на смртност од 0,6 проценти на проценката на 115 милиони заразени и 700.000 смртни случаи.

спонзорирано: