7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

СЗО: Вирусот, најверојатно, потекнува од лилјаците

Тимот на СЗО, кој го истражува потеклото на Ковид-19 во Кина, соопшти дека вирусот, најверојатно, потекнува од лилјаците.

Најверојатно, лилјакот имал уште едно животно домаќин како посредник.

Резултатите од истрагата на СЗО со нетрпение ги очекуваат научниците и владите во светот, пренесе „Ројтерс“.

„Тимот имаше опширни разговори со кинеските колеги и доби информации за епидемиолошките студии, биолошки и генетски анализи и ветеринарски истражувања“, наведе портпаролот на СЗО, Кристијан Линдмајер.

Тој додал дека имале и видеоразговори со виролози и научници од Вухан.

Претставникот на СЗО, Мајк Рајан, изјави дека можни се изненадувања.

„Фактот дека се вклучи алармот во Вухан не значи дека заразата преминала од животно на човек“, рекол тој.

Спонзорирано: