13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Индија не успева да ја заузда епидемијата

Во Индија се потврдени се 52.050 случаи на Ковид-19 во изминатите 24 часа, а како резултат на таа инфекција починале уште 803 лица, соопшти Министерството за здравство.

Веќе шести ден во Индија се пријавени повеќе од 50 000 нови случаи на коронавирус, пренесува „Си-ен-ен“.

Во земјата се заразени најмалку 1.855.745 луѓе, а 38.938 смртни случаи се потврдени од почетокот на пандемијата.

Во моментов има 586.229 активни случаи на коронавирус, а Индија е на третото место во светот по бројот на заразени, по САД и Бразил.

Спонзорирано: