11.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

СЗО ја продолжи глобалната подготвеност поради пандемија за уште три месеци

Светската здравствена организација (СЗО) ја продолжи состојбата на глобална подготвеност за уште три месеци, како резултат на пандемија на коронарнавирус, објавено е по седницата на комисијата за итни прашања на СЗО.

Во изјавата се посочува дека е донесена едногласна одлука за проширување на состојбата за глобалната подготвеност.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Адананом Гебрејесус ја прифати препораката на комитетот и ова тело најави нова проценка на состојбата за три месеци.

„Пандемијата го погодува човештвото еднаш во 100 години и ефектите ќе се почувствуваат во наредните децении“, посочи Геберјесус.

Спонзорирано: