19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈА

Полицијата со засилени контроли за продолжениот викенд во Охрид

Засилени полициски контроли за време на продолжениот викенд во Охрид најави полицијата.

Велат ќе се преземат интензивни превентивни и други мерки со цел зачувување на стабилната безбедносна и здравствена состојба.

Полициските службеници најавуваат дека ќе вршат засилени патролни служби во централното градско подрачје, во периферните делови, по плажите и на паркинг-просторите со цел спречување кражби на вредни предмети по крајбрежието или од паркирани автомобили. Контроли (самостојни, но и во соработка со пазарната инспекција) ќе се вршат и во угостителските објекти, а целта е доследна примена на безбедносно-хигиенските мерки за заштита од Ковид-19, но и почитување на одредбите од Законот за угостителство и другите законски одредби.

Во сообраќајот ќе има физичко присуство на полициски службеници кои ќе го регулираат сообраќајот и ќе преземаат мерки за поголема сообраќајна безбедност. Полицијата апелира до граѓаните доследно да ги почитуваат безбедносно-хигиенските мерки, поставената сообраќајна сигнализација, но и да придонесат за стабилна состојба во областа на јавниот ред и мир.

Спонзорирано: