20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Во Амстердам и Ротердам маската е задолжителна на фреквентните локации

Холандските градови Амстердам и Ротердам воведоа обврска за носење заштитни маски на најпосетуваните локации, како што е улицата на „црвените фенери“, за да се ограничи ширењето на вирусот.

Во средата владиниот тим надлежен за водење на пандемијата оцени дека не е задолжително да се носат маски низ целата земја и одлуката им ја препушти на регионалните власти.

Заедно со скандинавските земји, Холандија е една од последните европски земји што продолжија да се спротивставуваат на обврската за задолжително носење маски.

Сепак, санитарните власти на Амстердам утврдија дека маските ќе бидат задолжителни од 5 август на најпосетуваните места.

Во пристанишниот град Ротердам маските ќе бидат задолжителни и во трговските области од 5 август.

Премиерот Марк Руте неодамна ги повика Холанѓаните да го почитуваат мерките за физичка дистанца.

Според најновите податоци на властите во земјата, регистрирани се 53.000 случаи на заразени со Ковид-19 и 6.145 смртни случаи.

Спонзорирано: