Секогаш во средиштето на збиднувањата...

СЗО: Постепено укинување на ограничувањата за патување, поставете приоритети

Земјите треба постепено да ги укинуваат мерките за ограничување на меѓународните патувања според проценките на ризикот и мора да им дадат приоритет на патувањaта за итни потреби, објави Светската здравствена организација (СЗО).

СЗО препорача да се даде приоритет на важните патувања за итни случаи, хуманитарните активности, патувања на важни лица и враќање во земјата.

Избувнувањето на нови случаи на инфекција со коронавирус во делови од светот принуди многу земји да воведат ограничувања за патувањата.

СЗО сега ја повика секоја земја да направи анализа на трошоците и придобивките и да донесе одлука за нејзините приоритети, пред да ги обнови меѓународните патувања.

Во упатството за патувањата, СЗО наведува дека земјите мора да ги земат предвид локалните епидемиолошки состојби, националното здравје и веќе воспоставените мерки.

Дали земјата треба да воведе карантин за сите патници кои доаѓаат од некаде, мора да се одлучи по проценка на ризикот и разгледување на локалните околности на заразата, наведе СЗО.

Претходно оваа недела СЗО објави дека меѓународните забрани за патувањата не можат да останат на сила бесконечно долго и дека земјите ќе треба да направат повеќе за да го спречат ширењето на новиот коронавирус во рамките на нивните граници.

СЗО во јуни објави дека ќе донесе нов водич за патувања пред летните одмори