9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТИЗБОР

Републиканците го отфрлија предлогот на Трамп за одлагање на изборите

Највисоките претставници на Републиканската партија во американскиот Конгрес го отфрлија предлогот на претседателот Доналд Трамп за одложување на ноемвриските претседателски избори.

Тие веруваат дека постои голема опасност од злоупотреба во вонредни околности.

Идејата беше одбиена од лидерот на републиканското мнозинство во Сенатот, Мич Меконел и од лидерот на републиканското малцинство во Претставничкиот дом, Кевин Мекарти.

Сенаторот Меконел изјави дека американските претседателски избори никогаш не биле одложени, пренесува Би-би-си.

„Никогаш во историјата на оваа земја, низ војни, депресии и Граѓанската војна, не се случило да не сме имале закажани федерални избори на време. Ќе најдеме начин да го сториме тоа повторно на 3 ноември “, изјави Меконел за локалната станица WNKY во Кентаки.

Мекарти се согласи со тоа, велејќи дека изборите треба да се спроведат навреме.

Во меѓувреме, сојузничката на Трамп, сенаторката Греам, оцени дека одложувањето на изборите не е добра идеја.

Прашан од новинарите дали претседателот може да ги одложи изборите, државниот секретар на САД, Мајк Помпео, рече дека нема во од да донесе правна пресуда.

Спонзорирано: