16.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
КОРОНАВИРУССВЕТ

Никој не е безбеден од новата болест – Украинец третпат заболел од коронавирус

Жител на Тернопољската Област во Украина третпат заболел од коронавирус, соопшти началникот на одделението за здравство на локалната администрација.

„Имаме човек што веќе третпат заболува од коронавирус. Мораме да сфатиме дека дури и оние што го прележале вирусот не се безбедни и не значи дека нема пак да бидат заболени“. рекол тој.

Во Украина досега, според податоците на Министерството за здравство, регистрирани се 67.597 случаи на инфекција на вирусот, а од последиците починале 1.650 луѓе.

Оздравеле 37.394 луѓе.

Спонзорирано: