20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Најнова вест: 152 новозаразени од коронавирус – починати нема!

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1077 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-39, Куманово-20, Дебар-8, Штип-14,Прилеп-1,Тетово-9, Струга-13, Битола-5, Охрид-3, Кавадарци-5, Гостивар-15, Гевгелија-3, Струмица-4, Радовиш-1, Кочани-1, Демир Хисар-2, Македонски Брод-2, Делчево-3, Кратово-1, Свети Николе-1, Кичево-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 70 оздравени пациенти од: Скопје-23, Куманово-8, Штип-6, Тетово-10, Гостивар-10, Свети Николе-13.

Нема починати пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10086, бројката на оздравени пациенти е 5427, на починати е 460, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4199.
Направените 1077 теста се преку: ИЈЗ-667, ЦЈЗ Скопје-23, Авицена-138, Биотек-78, МАНУ -10, Жан Митрев (Филип Втори)-8, Систина со PCR метода -99, Судска медицина -1, ЦЈЗ Битола-35, Инфективна клиника-3, ГАК-15. Досега во земјата се направени вкупно 95169 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 83 пациенти. На кислородна поддршка се 40 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 11 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 4 позитивни деца и 8 пациенти суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 нови, вкупно хоспитализирани се 100 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 40, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 126 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Спонзорирано: