11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Мистерија: Ќе се истражува ли дали рапидниот раст на заразени во Штип е поврзан со опозицискиот митинг на 12-ти јули?

Пред шест дена опозициска партија насобра повеќе од 1000 луѓе на едно место, каде што беше забележано непридржување кон потребната дистанца од 1,5 метри.

Тогаш на социјалните мрежи граѓаните реагираа дека тоа е најава за нов кластер во Штип.

Денес по речиси шест дена, во Штип се регистрирани нови 60 заразени за само 24 часа. Ваквата драматична бројка всушност е зголемување за повеќе од 12 проценти од вкупната бројка на заразени од почетокот на пандемијата за само едно деноноќие, кога имаше 509 случаи, а сега има 569 вкупнозаразени, односно околу 30 проценти повеќе активно заразени за само еден ден, со оглед дека до вчера имаше 212 активни случаи, а денес 272.

Непознато е дали институциите ќе направат епедиолошка анкета со цел да се утврди евентуална поврзаност со опозицискиот митинг.

Опозицијата се инаетеше на здравствените власти, а нивното лидерство постојано ги кршеше здравствените прописи, при што беше ставено во опасност здравјето на целата нација. 

Спонзорирано: