11.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Берлин уапсен сериски силувач по потекло од Србија

Берлинската полиција уапсила човек кој се сомничи за серија силувања извршени во еден месец. Медиумите јавуваат дека се работи за државјанин на Србија, пренесува „Дојче веле“.

Првото силување се случило пред еден месец. А тогаш за 31 ден уапсениот маж во Берлин и околината наводно нападнал седум жени. од кои пет силувал. Осмата жртва ја силувал вчера во Потсдам по што е фатен.

„По уште едно силување во подрачјето на Потсдам, вечерва полицајците успеаа да го фатат 30-годишниот маж, кој, според моментните сознанија, е баран сериски силувач“, објави берлинскиот државен обвинител синоќа на „Твитер“.

Според наводите на полицијата, се рабопти за 30-годишник со српски пасош, кој во периодот од 12 јуни до синоќа напаѓал и силувал жени. Мажот е осомничен за пет силувања и обиди за силување главно во шумите во Берлин и околината. Вчерашната жртва џогирала на шумска патека кога тој ѝ пришол и ја прашал за патот. Набргу потоа, како што се наведува, насилникот ја совладал и ја силувал.

Спонзорирано: