20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Судијка во САД го блокира извршувањето на втората смртна казна на сојузно ниво по пауза од 17 години

Федерална судијка од Окружниот суд во Вашингтон го блокира извршувањето смртна казна над обвинетиот Весли Пурки.

Доколку егзекуцијата беше извршена, тоа ќе беше втора смртна казна изречена на сојузно ниво во рок од два дена во последните 17 години.

Денес, Министерството за правда на САД имаше намера да го погуби Весли Пурки, осуден за силување и убиство на 16-годишно девојче и покрај забелешките на неговите адвокати дека Пурки има деменција и повеќе не е во можност да ја разбере казната изречена за него.

Претходно во текот на денот, судијката од Окружниот суд во Вашингтон, Тања Чуткан, издаде две наредби, со кои се дозволуваат разни правни исклучоци за неколкумина од 61 лице осудени на смртна казна.

Едната наредба се однесува на Пурки, а другата ја спречува федералната влада да погуби уште двајца други мажи осудени за убиство на деца – Дастин Хонкен, кој требаше да биде егзекутиран в петок, и Кит Нилсон, чија смртна казна беше закажана за 28 август.

Чуткан посочи на аргументот на осудените мажи дека употребата на „пентобарбитал“ во смртоносните инјекции го крши Законот за храната, лековите и козметиката, односно натежнува над тврдењата на Министерството за правда дека законите за безбедност на лековите не важат за вакви случаи, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Ова е третпат како Чуткан издава наредба со која се одложуваат егзекуции. Првата ваква наредба беше одбиена од Апелацискиот суд во април, а втората од страна на Врховниот суд вчера.

Спонзорирано: