17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Huawei.com
СВЕТ

САД најавија нови санкции против „Хуавеј“, Кина со протест

Шефот на американската дипломатија Мајк Помпео најави нови санкции против компанијата „Хуавеј“, на што официјален Пекинг го повика американскиот амбасадор.

Помпео исто така најави дека ќе ја посети Велика Британија, која еден ден претходно најави целосно ќе ја отстрани целата опрема на тој кинески телекомуникациски гигант од својата 5Г мрежа.

„ Стејт департментот повторно ќе воведе визно ограничување на некои вработени во кинеската телекомуникациска компанија како што е „Хуавеј“, бидејќи тие снабдуваат режими со опрема кои ги кршат човековите права во светот“ рекол американскиот државен секретар.

На најавата за нови американски санкции, официјален Пекинг повика американскиот амбасадор за да му врачи протестна нота против санкциите кои САД ги донесоа како одговор на репресијата на Пекинг над автономното подрачје на Хонгконг.

Спонзорирано: