11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

МВР го потврди инцидентот меѓу советникот на Чулев и началник во СВР Тетово

Во Секторот за внатрешни работи Тетово е пријавен инцидент помеѓу двајца полициски службеници, по што е започната истрага од страна на службата за внатрешна контрола при Министерството за внатрешни работи.

-Во СВР Тетово во 16 часот е пријавен инцидент кој се случил на крстосниците на улиците 120 и Борис Кидрич во кој се инволвирани двајца полициски службеници. За случајот е информиран и Одделот за внатрешна контрола, полициски истраги и професионални стандарди, соопштија од СВР Тетово.

Како што претходно објави “Centar“, Државниот советник на Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев го нападнал Началникот на единицата за безбедност на сообраќај во Тетово.

Претходно, портпаролот на Министерството за внатрешни работи Тони Ангеловски за МИА потврди дека е пријавен инцидент што се случил попладнето и оти постапува одделот за внатрешна контрола при МВР, но не соопшти информации за учесниците во инцидентот.

Спонзорирано: