17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Еден случај на лажни вести, провокациите кон изборните набљудувачи на ЦИВИЛ во Бутел продолжуваат, нотирани неколку нови случаи на помали изборни нерегуларности

Извештај од мониторингот на ЦИВИЛ во 16 часот

Во периодот од 13 до 16 часот, мониторинг тимовите на ЦИВИЛ доставија повеќе извештаи од целата земја. Следи избор од извештаите обработени до прес конференцијата во 16 часот.

https://www.facebook.com/civil.mk/videos/737807886984483

Мониторингот на ЦИВИЛ бележи еден случај на лажни вести. Во ИМ 2476 во Гази Баба еден гласач за Канал 5 дал изјава, откако гласал, тврдејќи дека параванот бил низок и дека набљудувачите му сугерирале за кого да гласа. Според набљудувачот на ЦИВИЛ, не е вистина дека некој му сугерирал на граѓанинот за кого д гласа.

Во ИМ 1064/1 ИО му дозволи на едно лице да изврши асистенција на гласач со попреченост на видот, меѓутоа „асистентот“ не помогнал, туку му кажал на гласачот каде да заокружи.

Им 2936/1 општина Чаир во ОУ Имри Елези, ИО ги постави параваните еден зад друг, иако претходно беа нормално поставени.

Провокациите од ИО на ИМ 2920 и 2920/1 во Бутел до набљудувачите на ЦИВИЛ продолжуваат. На најразлични начини, набљудувачите се под притисок. Нашите набљудувачи ги обвинуваат дека наводно заработуваат 5-6 илјади денари, па ги прашуваат зошто постојано кружат и слично. ЦИВИЛ одлучи да ги повлече своите набљудувачи од овие две избирачки места во општина Бутел.

Набљудувачите на ЦИВИЛ бележат организиран превоз на гласачи во Штип. Исто така, забележан автомобил како неколку пати носи гласачи, до и од ИМ 1385 во Прилеп. Претседателот и еден член на ИО не носат заштитна опрема, ниту пак ја одржуваат потребната дистанца.

Граѓанка гласала без да биде проверена со УВ ламбата на ИМ 2808, во Завод за рехабилитација во Центар. Член на ИО на истото ИМ на глас ги чита имињата на гласачите – нотирани 6 вакви случаи во ИМ 2908, во истиот објект.
Во ИМ 581, 582 и 583, во ОУ Св. Климент Охридски, Делчево, нотирани се 5 случаи на гласачи што ги нема на Избирачки список, а личните карти им се издадени во февруари 2020 година.
Во ОУ „Ѓоргија Пулевски“ во Аеродром еден граѓанин влегол да гласа со партиски симболи на одредена политичка партија, било интервенирано од полицијата и лицето е приведено.
На ИМ 2243 во општина Чашка, дошол повозрасен граѓанин, кој застанал зад параванот да гласа. Излегол од ИМ и не го ставил гласачкото ливче во кутијата, туку заминал, откако претходно потпретседателот на ИО му ја вратил личната карта. По него влегла да гласа негова роднина, која ги ставила двете ливчиња во гласачката кутија.

Потпретседателот на тоа искоментирал: „Сега, бидејќи имаме човек од ЦИВИЛ тука што нѐ гледа, ајде да не трошиме време за вакви ситници“. Настанот не влегол во записник.

Граѓанка гласала без да биде проверена со УВ ламбата на ИМ 2808, во Завод за рехабилитација во Центар. Член на ИО на истото ИМ на глас ги чита имињата на гласачите – нотирани 6 вакви случаи во ИМ 2908, во истиот објект.

Во ИМ 581, 582 и 583, во ОУ Св. Климент Охридски, Делчево, нотирани се 5 случаи на гласачи што ги нема на Избирачки список, а личните карти им се издадени во февруари 2020 година.

Во ОУ „Ѓоргија Пулевски“ во Аеродром еден граѓанин влегол да гласа со партиски симболи на одредена политичка партија, било интервенирано од полицијата и лицето е приведено.

На ИМ 2243 во општина Чашка, дошол повозрасен граѓанин, кој застанал зад параванот да гласа. Излегол од ИМ и не го ставил гласачкото ливче во кутијата, туку заминал, откако претходно потпретседателот на ИО му ја вратил личната карта. По него влегла да гласа негова роднина, која ги ставила двете ливчиња во гласачката кутија. Потпретседателот на тоа искоментирал: „Сега, бидејќи имаме човек од ЦИВИЛ тука што нѐ гледа, ајде да не трошиме време за вакви ситници“. Настанот не влегол во записник.

Спонзорирано: