Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Парични казни за непочитување на здравствените прописи во Скопје​

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе осум предлози за издавање казнени налози против 13 лица кои не постапиле според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинителството му предложи на судот за секој од обвинетите да изрече парични казни од по 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност. Обвинетите не постапиле согласно одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија. Додека полицискиот час бил во сила, тие се движеле низ градот, без да поседуваат дозвола за тоа.