20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Тачи пристигна во Хаг на сослушување поради обвинението за воени злосторства

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, денеска пристигна во Хаг за да се состане со обвинителот за воени злосторства, кој во јуни против него поднесе предлог-обвинение за воени злосторства и злосторства против човештвото.

Пред да влезе во седиштето на Специјалното обвинителство (СПО) во Хаг, основано за да се испитаат наводните воени злосторства извршени во Косово во 1999 година, за време на бунтот на косовските Албанци против владеењето на Слободан Милошевиќ, Тачи рече дека е посветен на вистината, помирувањето и мирот.

Обвинителот на СПО го смета Тачи за одговорен за убиствата на голем број луѓе во време кога тој беше еден од клучните команданти на Ослободителната војска на Косово (ОВК). Тачи претходно ја отфрли можноста за вмешаност во воени злосторства.

Покрај Тачи, хашкиот СПО го сомничи и Кадри Весели, кој беше командант на службата за разузнавање на ОВК за време на војната во Косово, a сега е еден од лидерите на косовската опозиција. Заедно со другите осомничени, СПО ги смета за одговорни за убистватa на речиси стотина луѓе, вклучувајќи косовски Албанци, Срби и Роми и луѓе од други националности, како и политички противници.

Ако обвинението во овој случај биде потврдено, на Тачи ќе му суди Специјалниот судски совет, според косовскиот закон.

Тоа е совет составен од меѓународни судии во Хаг, што е оправдано, меѓу другото, и со потребата од заштита на сведоците.

Спонзорирано: