3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Руската Дума: Вучиќ им е „коска в грло“ на лобистите на НАТО

Дестабилизацијата на ситуацијата во Србија не им одговара на интересите на Русија на Балканскиот Полуостров, изјави Елена Пањина, член на Комитетот за меѓународни работи во Државната дума на Русија, коментирајќи ги обвиненијата на сметка на оваа земја за вмешаност во антивладините протести во Белград, пренесува „Спутник“.

„Организацијата на ‘обоените’ бунтови никогаш не била инструмент на Русија во дијалогот со другите земји, особено во поглед на Србија, која одби да воведе санкции против Русија и тесно соработува со нашата земја. Дестабилизацијата на ситуацијата во Србија не им одговара на интересите на Русија на Балканот и може да го загрози статусот на земјата како неутрална, неврзана, пријателска Русија“, посочи таа.

Пањина исто така рече дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, им е „коска в грло“ на лобистите на НАТО на Балканот.

„Сега се обидуваат да го тргнат од власт на секаков начин, вклучувајќи во масовните немири и патриотски настроени Срби кои се плашат од ‘капитулација’ и предавање на суверенитетот над Косово“, изјави таа.

Одредени невладини организации, како што е ЦЕАС, гостувајќи во некои домашни медиуми нагласија дека откриле „руска трага“ во протестите во Србија, обвинувајќи неосновано и без докази, како што посочи рускиот амбасадор во Србија, Боцан Харченко.

Во врска со тие наводи, Вучиќ во неделата изјави дека нема никакви докази дека Русија стои зад протестите во Србија. Коментирајќи го присуството на странски државјани на протестите во Белград, Вучиќ кажа дека најмногу имало Црногорци, но истакна дека мисли оти црногорската служба нема никаква врска со нив.