19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Турист во Шпанија загинал по пад од тераса, а усмртил уште еден човек

Турист во Шпанија починал откако паднал од тераса на хотелот каде бил сместен, а усмртил и друг маж, кој во тој момент се нашол доле.

Како пренесе „Скај Њуз“, првата жртва е турист од Англија на возраст од 50 години, кој паднал од тераса на својата хотелска соба на седмиот кат. Втората жртва е маж од шпанска националност на возраст од 43 години.

Несреќата се случикла во градот Марбеља во регионот Коста дел Сол.

Полицијата на лице место потврдила дека двајцата мажи се мртви.

Не е јасно зошто човекот паднал од терасата, а истрагата е во тек.

Спонзорирано: