12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Мицкоски го лаже членството, ги исклучи осумте пратеници, а потоа тајно ги молел да работат за него

Новите снимки кои се појавија утрината на интернет и на кои се слуша гласот на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја открија вистината за неговиот однос кон независните пратеници кои тој ги исклучи од партијата. Имено, јавноста и членството на ВМРО ДПМНЕ беа известени дека осумте пратеници кои не биле послушни кон партијата се исклучуваат како предавници.

Но, тоа Мицкоски го користел како аргумент пред членовите и граѓаните, вистината во позадина била сосема поинаква. Снимките покажуваат дека тој имал тајни средби со исклучените пратеници, и не само што имал туку ги убедувал да не гласаат за Законот за јавно обвинителство. Во убедувањето Мицкоски користи фрази дека власта ќе уценувала, ќе притискала ако се донесе законот. При тоа тој не им ја открива вистината дека тој лично се бори против законот за да ги спаси Камчев, Мијалков и другите функционери во партијата.

Аудио снимките се потврда за своличната игра на Мицкоски, пред членството да глуми патриот и да исклучува од партијата наводни предавници, а во позадина тајно молел истите предавници да му помогнат нему и на партијата.

Зошто Мицкоски се среќавал со овие пратеници? Ако се суди според другите аудио снимки тогаш тоа било за заштита на своите и интересите на неговите блиски соработници, како Камчев и Мијалков. Овие двајца му давале пари на Мицкоски, кои патем не се никаде пријавени, за да успее да ја одржи партијата. Токму заради тие пари, со кои Мицкоски успеал да плати комунални долгови на партијата, но и автобуси за митинзи, лидерот на ВМРО ДПМНЕ сакал да им помогне на Камчев и Мијалков со тоа што ќе лобира да не се донесе Законот за јавно обвинтиелство, за тајните финансиери да не одговараат за криминал во делото „Империја“.

Мицкоски тоа и го правел, лобирал, па дури и кај пратениците кои ги нарекуваше предавници, ама планот не му успеа.

Спонзорирано: