11.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
КОРОНАВИРУССВЕТ

Во светот над 550.000 луѓе починаа од коронавирус, половина се од четири земји

Повеќе од 550.000 луѓе починаа од коронавирус во светот, објави агенцијата „Франс прес“.

Половина од смртните случаи се регистрирани во четирите земји најпогодени од епидемијата, а тоа се – САД со 132.309 мртви, Бразил (67.964), Велика Британија (44.517) и Италија (34.914).

Во светот има 12.081.516 заразени лица, од кои 550.013 починале. Во Европа починале 201.112 лица, а заразени се 2.782.032.

Од вкупниот број заразени, излечени се 6.447.909 лица.

„Франс прес“ секојдневно објавува дневен биланс базиран на државни податоци од земји низ целиот свет и информации од Светската здравствена организација.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

M T

Бајден се уште закрепнува од коронавирусот, вели дека се чувствува добро

M T

СЗО: Oчекуваме висока бројка на заразени со коронавирус во текот на летото во Европа

M T

По коронавирусот, цревна болест се појавила во Северна Кореја

M T

ФДА: Вакцината против коронавирус безбедна за деца од шест месеци

M T