13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАИЗБОР

СЗО откри како коронавирусот се пренесува преку воздухот- познато кои места се најризични

Светската здравствена организација денес објави дека преносот на коронавирусот преку воздухот може да се случи за време на медицинските процедури, за време на кои се ослободуваат аеросоли.

СЗО изјави дека некои извештаи за пандемија, кои се однесуваат на преполни затворени простории, покажале дека постои можност за пренесување на аеросол, во комбинација со пренесување на капките, во случаи како што се хорски проби, во ресторани или фитнес часови.

Аеросолите се цврсти честички или мали течни капки формирани од чад, прашина, летачки пепел и кондензирани гасовити материи, кои можат да се најдат во атмосферскиот воздух.

Светската здравствена организација во вторникот потврди дека има докази за пренесување на новиот вирусот преку воздух, бидејќи 239 меѓународни научници укажале на таква можност.

Стотици научници тврдат дека постојат докази дека честичките од вирусот во воздухот можат да заразуваат луѓе, а тие ја повикуваат Светската здравствена организација да ги ревидира препораките.

Позицијата на СЗО досега е дека вирусот се пренесува со капки.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

СЗО: Повеќе од 35.000 случаи на мајмунски сипаници во светот

M T

СЗО со предупредување: Регистрирани се повеќе од 18.000 случаи на мајмунски сипаници во 78 земји

M T

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

M T

Бајден се уште закрепнува од коронавирусот, вели дека се чувствува добро

M T

Раководителот на СЗО за Европа: Забрзајте ја вакцинацијата и воведете маски

M T