3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Казахстан ги негира кинеските тврдења дека во земјата има пневмонија поопасна од Кoвид-19

Министерството за здравство на Казахстан ги отфрли кинеските тврдења дека во земјата циркулира непозната пневмонија, која е посмртоносна од коронавирусот.

Кинеската амбасада претходно објави вакви информации врз основа на кои ги повика Кинезите да не патуваат во регионите на Казахстан, каде што се шири наводната пневмонија.

Министерството за здравство објави официјално соопштение на својата фејсбук-страница обвинувајќи дека Кина шири лажни вести.

„Кинеските медиуми објавија дека во Казахстан имало повеќе смртни случаи од пневмонија отколку од коронавирус. Официјално известуваме дека овие информации се невистинити“, велат здравствените власти во земјата.

Додаваат дека СЗО ја вовела Меѓународната класификација на болести ИЦД-10, која вклучува код за пневмонија доколку се дијагностицира епидемиолошки, а не е потврдена со лабораториски студии.

Додаваат дека Казахстан, како и другите земји, ги следи споменатите видови пневмонија, што ќе овозможи сузбивање вакви случаи, но и ќе го намали ширењето на коронавирусот.

Спонзорирано: