7.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Хонгконг ги затвора училиштата поради зголемување на бројот на заразени

Заводот за образование во Хонгконг објави дека сите училишта престануваат да работат поради зголемувањето на бројот на случаи на коронавирус.

Повеќето училишта во азискиот финансиски центар главно се затворени уште од февруари, а многумина се префрлија на учење и предавање преку интернет. Покрај тоа, летните одмори почнаа во голем број меѓународни училишта.

Вчера, имаше 42 нови случаја во Хонгконг, втор ден по ред со зголемување на бројот на локални инфекции. Министерот за образование, Кевин Јунг, рече дека учениците и родителите на учениците биле меѓу оние што неодамна биле заразени.

Досега во градот се пријавени вкупно 1.366 случаи на Kовид-19, а седум лица починале.

Спонзорирано: