Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет Во тренд...

Новинарките што известуваа од улиците на Белград станаа хит на социјалните мрежи

Репортерките на „Н1“, Јелена Зориќ, Татјана Алексиќ и Жаклина Таталовиќ, синоќа известуваа со часови во речиси невозможни услови од улиците на Белград.

Околу нив летаа солзавци, шишиња и камења, а во еден момент ТВ-екипата избегна автомобил што се залета со голема брзина кон нив и кон демонстрантите. Полицијата во еден момент се обидела да го спречи снимањето кога тепаат демонстранти, но тие заедно со снимателите Вук Мијаровиќ, Александра Цврковиќ и Вук Дапчевиќ продолжиле да ја вршат својата работа.

Фотографија на Јелена Зориќ, која со солзи во очите известува од местото на настанот, ги преплави социјалните мрежи, а многумина ја прогласија за дефиниција за вистинско новинарство.

„Јелена Зориќ од ‘Н1’, многу убедлива и храбра. Сè она што е најдобро во смисла на новинарството таа го извлече вечерва!“, е само еден од коментарите.

Таа за порталот „Нова.рс“ откри како изгледаше сето тоа од нејзина перспектива.

„Сè уште имам главоболка од солзавецот, но можам да кажам дека единствено што сакав и се надевам дека успеав, беше да известувам професионално, објективно и непристрасно“, вели Јелена Зориќ.

Таа вели дека не се исплашила, дури ни кога работите излегле од контрола.

„Кога ќе ја изберете таа професија, не размислувате многу за стравот, ниту снимателот не размислува за страв“, вели Јелена. „Она што луѓето забораваат е дека новинарот е шеф на тимот, но во вакви ситуации снимателот е сè. Дури и да не кажав ништо, сликата зборуваше за себе. Минатата вечер ми беше чест да работам со Александар Цврковиќ и се обидов да го испратам достоинствено“, истакнува новинарката.

Протестите беа предизвикани од вчерашната најава на српскиот претседател Александар Вучиќ за воведување полициски час поради влошената епидемиолошка состојба и, како што рече еден демонстрант, општото незадоволство од состојбата во оваа земја./ Макфакс

Можеби ќе ве интересира

Утре Александар Вучиќ ќе ни донесе вакцини на Табановце

CENTAR MKD

Вучиќ му пиша на Путин: „Драг пријателе, нека ти е среќен роденденот“

CENTAR MKD

Во Србија еден од најлошите денови, со 357 заразени, но Вучиќ се откажува од полициски час

CENTAR MKD