Масовни демонстрации, хаос низ Белград и Нови Сад.
Илјадници граѓани се на улиците.
Се скандира “Вучичу п****у”.
Полицијата доцна вечерва околу 20 часот употреби и солзавец во Белград.
Во Нови Сад се серија инциденти.
Извештаите на медиумите се дека имало и стампедо, откако полицијата ги испровоцира граѓаните со фрлање на солзавец.
Претежно млади луѓе со качулки фрлаат со се’ што ќе најдат по полицијата. Медиумите јавуваат дека околу парламентот во Србија има чад.
Опозицијата бара преодна Влада и нови избори во Србија. Масовните демонстрации почнаа вчера откако Александар Вучиќ објави дека викендов е можен целосен карантин и заострување на мерките. Граѓаните се чувствуваат измамени, бидејќи за време на изборите беа отворени и ноќните клубови, а се оддржуваа и масовни спортски настани. Синоќа масовните демонстрации излегоа од контрола, а полицијата ги тепаше сопствените граѓани.
ВО ЖИВО:
https://center.mk/blog/2020/07/08/vo-zhivo-iljadnitsi-se-na-ulitsite-protiv-aleksandar-vuchik-masovni-demonstratsii-vo-srbija/