10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Во експлозија на цистерна во Колумбија загинаа 7 лица, а 40 се повредени

Во експлозија на цистерна со гориво во Колумбија загинаа 7 лица, а повредени се повеќе од 40, соопштија властите. Експлозијата се случила кога голем број луѓе се собрале околу камионот што се превртел, со намера да го соберат горивото што протекува.

На видеото се прикажани десетици луѓе околу возилото превртено на страната на патот, на околу 65 километри од градот Баранквил. Многумина носеле празни пластични шишиња, а некои дошле да му помогнат на возачот.

Одеднаш се формирал голем оган и луѓето почнале да бегаат.

Некои претрпеле сериозни изгореници, а некои од загинатите не можеле веднаш да ги идентификуваат.

Колумбискиот сенатор Армандо Бенедети рече дека инцидентот укажува на долгогодишни проблеми, како што се неводење грижа од државата и голема сиромаштија и нееднаквост.

„Сето ова се случи затоа што тие бараа начин да преживеат“, напиша Бенедети.

Инспекторите сметаат дека несреќата се случила кога возачот заспал зад воланот. Инцидентот се случил во време кога болниците во таа област биле преполни поради зголемениот број заразени со коронавирус.

Спонзорирано: