10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
КОРОНАВИРУССВЕТ

Црна Гора воведе карантин за сите што доаѓаат од Србија

Националното координативно тело за заразни болести во Црна Гора најави неколку епидемиолошки мерки за целата земја и особено за северот на земјата.

Донесена е одлука за карантирање на сите лица што доаѓаат од Србија.

„Со оглед на развојот на епидемиолошката состојба во Република Србија беше одлучено сите лица што влегуваат во Црна Гора од таа земја од вечерва да бидат упатени во карантин. Црна Гора останува решена да не се затвора за своите граѓани, но стапката на активни случаи во Република Србија, особено во областа долж границата со Црна Гора, бара најстрог епидемиолошки надзор“, се вели во соопштението.

Како што се додава, поради тоа, лицата што влегуваат во Црна Гора од Република Србија нема да бидат испратени на домашна самоизолација, туку во државен карантин.

Црна Гора донесе одлуки и за задолжително користење заштитни маски на затворени и отворени јавни места, а забранети се собири во станови на лица што не припаѓаат на истото домаќинство.

Кафулиња ќе работат до полноќ, а градинките се затворени.

Спонзорирано: