9.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Царовска: Мицкоски и голем број кандидати се рециклирани кадри на Груевски

„Имате рециклирани кадри на Груевски, самиот Мицкоски е кадар на Груевски. Тоа што го нуди ВМРО ДПМНЕ во програмата е нешто кое веќе е реализирано од наша страна, но тоа се должи на нивното незнаење и на фактот дека немале што да напишат. Денес нема ништо ново и ништо различно од тоа до ова ВМРО ДПМНЕ. Ние избравме Антикорупциска комисија јавно пред очите на сите граѓани. ВМРО ДПМНЕ слушавме како ги нарачува пресудите, сега е поинаку, но тоа не можете за две години да го промените. Зоран Заев и ние во СДСМ се потрудивме да донесеме закони со кои го ослободуваме судството. Ние најавивме дека ќе имаме ревизија на пет отсто од предметите. Судската власт е независна, затоа ние ќе создадеме услови за да може судството самото да се исправи и да се реформира, по примерот на Антикорупциската комисија. Нема да дозволиме никогаш повеќе, ниту една политичка партија да се меша во судството.“- изјави потпретседателката на СДСМ, Мила Царовска во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.

Спонзорирано: