17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

Секој десетти заболен од ковид-19 во Англија е медицински или социјален работник

Десет проценти од сите инфекции со ковид-19 во Англија забележани меѓу 26 април и 7 јуни, биле меѓу здравствени или социјални работници, се наведува во истражувањето.

Студијата ја спровела независна група експерти, на барање на Кралското друштво, објавена во „Њу Сајантист“.

Истражувашето исто така проценува дека најмалку 1 процент од инфекциите, во истиот временски период, се пациенти во болници, а најмалку 6 отсто се во старски домови.

Според истражувањето, засега не се собрани доволно податоци за да се утврдат начините на ширење на коронавирусот во болниците. Исто така не е јасно во која мера, заразата добиена во болниците и социјалните установи, влијае на ширењето на коронавирусот во пошироката заедница.

Спонзорирано: