18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТ

Коронавирусот може да се пренесе преку воздухот, тврдат 239 научници во отворено писмо до СЗО

Ако е точно дека коронавирусот се пренесува преку воздухот, тоа значително ќе влијае на мерките за нејзина контрола, пишува „Њујорк тајмс“.

Весникот наведува дека новите мерки би значеле носење маски во затворено, дури и ако се почитуваат мерките за физичко растојание.

„Њујорк тајмс“ вчера објави дека група од 239 научници од 39 земји оваа недела ќе објават отворено писмо до Светската здравствена организација во научно списание, така што агенцијата на ООН може да ги ревидира препораките за тоа како да се избегне инфекција со коронавирусот.

Научниците тврдат дека коронавирусот се пренесува преку воздухот, што значи дека честичките од тој вирус може да лебдат во воздухот во затворен простор и дека луѓето може да се заразат кога ќе ги вдишат.

Позицијата на СЗО е дека вирусот се шири првенствено од личност до личност преку мали капки од носот или устата, кои се исфрлаат кога некое лице со Ковид-19 кашла, кива или зборува.

Доколку вирусот се пренесува преку воздухот, според „Њујорк тајмс“, последиците за неговата контрола ќе бидат значителни.

Како што е објаснето, новите превентивни мерки вклучуваат носење маски во затворен простор, дури и ако се почитуваат мерки за социјално дистанцирање и задолжителни маски – Н96 за здравствените работници кои се грижат за заразени пациенти да ги филтрираат дури и најмалите капки за дишење.

Покрај тоа, според „Њујорк тајмс“, системите за вентилација би требало да се менуваат за да се намали циркулацијата на воздухот.

Весникот исто така наведува дека, по разгледувањето на внатрешните електронски пораки на СЗО и интервјуата со 20 научници, вклучително и консултантите на СЗО, се добива слика на агенцијата како некој кој и покрај добрите намери, не се придржува до науката.

„Њујорк тајмс“ наведува дека неодамнешното зголемување на бројот на жртви на коронавирус по повторното отворање компании и канцеларии сè повеќе го потврдува она што многу научници го велат со месеци: вирусот останува во воздухот во затворено заразувајќи ги оние што се во близина.

Спонзорирано: