21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Загрижувачка епидемиолошка состојба во Подгорица, 118 активни случаи

Членот на медицинскиот штаб и директор на здравствениот центар во Подгорица, Небојша Кавариќ, не ја исклучи можноста за затворање на главниот град на Црна Гора, каде што во моментов се активни 118 случаи на инфекција со коронавирус.

„Загрижувачка е епидемиолошката состојба и растот на бројот на пациенти во Подгорица. Доколку граѓаните не се одговорни и не ги намалат нивните дневни обврски, ние ќе и предложиме на НКТ да воведе дополнителни мерки за подрачјето на Подгорица“, рече Кавариќ за Радио Црна Гора.

„Ќе го предложиме тоа за да се спречи понатамошна ескалација на бројот на заболени, што може да ја загрози функционалноста на здравствениот систем“, рече Кавариќ, потенцирајќи дека тој не ја исклучува опцијата за затворање на главниот град, иако тоа е во доменот на епидемиолошката служба, пренесуваат „Вијести“

Тој препорачува услугите на угостителските објекти граѓаните да ги користат само кога е апсолутно неопходно, со препораки што важат за сите други затворени објекти, како на пример носење маска, растојание и миење раце.

Во последните 24 часа, во Црна Гора се регистрирани уште 61 случај на вирус ковид-19, од кои повеќето се од Рожаје, објави црногорскиот Институт за јавно здравје.

Спонзорирано: