Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Најнова вест: Нови 78 заразени и 5 починати од коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-26, Куманово-4, Дебар-1, Штип-17, Тетово-9, Струга-3, Битола-1, Охрид-1, Гостивар-5, Крива Паланка-1, Кочани-1, Пробиштип-3, Виница-1, Свети Николе-5.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 172 оздравени лица од: Скопје-72, Куманово-53, Штип-20, Прилеп-4, Тетово-10, Велес-1, Гостивар-5, Пробиштип-2, Ресен-4, Неготино-1.

Починати се 5 лица, тројца пациенти од Скопје, еден од Куманово и еден пациент од Струга.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст од 70 и 80 години.

Во ГОБ „8 септември“ починати се пациенти на возраст 77 и 63 години, кај едниот пациент вирусот е докажан постмортем. Во ОБ Струга е починат пациент на 86 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7124, бројката на оздравени пациенти е 3199, на починати е 346, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3579.

Направените 894 теста се преку: ИЈЗ –544, МАНУ -96, Жан Митрев (Филип Втори) -71 и Систина со PCR метода -183. Досега во земјата се направени вкупно 68.059 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 90 пациенти. На кислородна поддршка се 53 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 29 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 4 деца позитивни и суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6 нови, вкупно хоспитализирани се 122 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 37, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 94 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

loading…