10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТ

Комшиите го вратија полицискиот час, какви одлуки може да очекува Македонија?

Премиерот на Косово, Авдулах Хоти, соопшти дека од денеска во некои градови се воведува полициски час поради зголемениот број на случаи на коронавирус.

Во Приштина, Призрен, Урошевац и Вучитрн, ќе биде на сила забрана за движењње од 21 часот до 5 часот наутро.

Работата на рестораните се ограничува само на летни тераси и со достава.

Хоти најавил дека ќе бидат обезбедени поголем број тестови за да може дневно да се прават и по 500 тестирања.

Планирана е реорганизација на Универзитетскиот клинички центар, но и ставање на располагање на приватните болници.

И додека коронавирусот е во пораст низ целиот регион, како и во Македонија, засега нема најави за евентуално враќање на полицискиот час или појаки рестриктивни мерки во нашата земја.

Спонзорирано: