Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Во Косово откажале респираторите – починаа петмина?

Пет пациенти заразени со корона вирус починале од полноќ до сега а Клиниката за инфективни болести во Клиничкиот центар во Косово, пишува Коха.

Извори од болницата велат дека починатите имале и други заболувања, пренесе Газата експрес.

Поради влошувањето на состојбата со епидемијата, на Клиниката за инфективни болести собрани се сите челници од Универзитетскиот клинички центар, меѓу кои и директорот, од кого се очекува да се обрати на јавноста и да објасни што се случува.

Од утрово зајакнати се полициските сили во дворот на клиничкиот центар. Косовската полиција ја окружи Клиниката за инфективни болести. Според непотврдени информации на клиниката има проблем со респираторите и тоа е причина за зголемениот број мртви.

Како што пренесува Зери, министерот за здравство Арменд Земај виден е како го напушта Клиничкиот центар, но не дал изјава за медиумите.

Во саботата починаа осум пациенти со Ковид-19 во Косово, а имаше 178 новозаразени.