Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Заев: Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ секој ден се разобличуваат, се распаѓа нивниот лажен патриотизам!

„Времето на национализам и лажен патриотизам е завршено. Најголем патриот е оној којшто носи храбри одлуки за иднината. Стратешката цел за членството во НАТО и почеток на преговорите со ЕУ ја остваривме. Во преговарачката рамка не случајно е напишано сите акти да се преведат на македонски јазик, на македонски не на северџански, како што оние од ВМРО-ДПМНЕ ни го навредуваат јазикот! Прво тоа е признавање, по не знам кој пат од ЕУ на нашиот македонски јазик. Чест и почит за албанскиот, турскиот, ромскиот јазик и другите наши јазици, коишто никојпат не биле оспорени, но нашиот го оспоруваа во минатото. Сега е признаен од ЕУ и од сите земји членки на ЕУ. Прв чекор од ЕУ за официјализирање на нашиот македонски јазик да биде еден од официјалните јазици на ЕУ. Е има ли поголемо и поубаво патриотско чувство како Македонец а не како тие лажните патриоти што се чукаат во градите?“, порача претседателот на СДСМ, Зоран на вечерашната граѓанска трибина на СДСМ и коалицијата „Можеме“ којашто се одржа на Универзитетот ФОН.

Претседателот Заев рече дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема што да им понудат на граѓаните освен стиропор патриотизам бидејќи тие се партијата којашто 11 години ја урнисуваше економијата, ги крадеше парите од граѓаните и ја уназадуваше државата на секое поле.

„Не може повеќе да продаваат лажен патриотизам. Да ни продаваат обнова тие што ја урнисаа економијата. Тие што го партизираа судството и правосудството и го нарушија комплетно образованието?! Не можат да продаваат обнова ни на слободата, кога денеска слободата блеска на сите страни, секој може слободно да си каже што сака и да не му фали влакно на главата, а пред три години се молчеше и не смееја некои имиња да се спомнат во државата. Уриваа, го урнисаа и Космос и се што им беше на патот. Земаа приватни фирми да бидат во нивна сопственост. Делеа субвенции и социјална помош по партиски штабови. Тоа ќе го обновуваат? Таа обнова е како нивниот стиропор патриотизам. Гледате како одминува времето стиропорот се рони, се разобличува, се отвора, и излегува вистинското лице од него. Секој ден се разголуваат и Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Се е исто, тие се луѓето на Груевски. Мисајловски му беше министер и цело време во неговата прва екипа. Мицковски му беше шеф на штаб, генерален секретар, советник, директор на ЕЛЕМ. Игор Јанушев, насилникот што денеска го слушаме што шета по истокот се обидува да добие гласови и зборува за правда, родова еднаквост. Николовски бандит невиден, само Милошоски е поголем бандит од него. Дурловски за 200.000 евра ќе не убиваше, и сега неговото враќање во Парламентот е враќање на местото на злосторството. Исти луѓе, кој тоа лажат. Сега е слобода луѓето знаат се. Чекаат 15 јули и зад параванот да ни кажат“, рече претседателот Заев.