13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Иран потврди дека мистериозен инцидент ја оштетил неговата клучна нуклеарка во Натанз

Материјална штета е предизвикана на зграда која во моментот е во изградба во нуклеарна установа во Натанз, соопшти Иранската организација за атомска енергија, нагласувајќи дека сепак нема потреба за загриженост за можна радијација, пренесува РТ.

„Неодредениот инцидент вклучува една од бараките во фаза на изградба во објектот за нуклеарно збогатување во Натанз. Немаше жртви меѓу персоналот и инцидентот не ги наруши тековните активности на овој комплекс“, изјави портпаролот на организацијата, Бехруз Камалванди, за државната новинска агенција ИРНА.

Комплексот Натанз се смета дека е главниот објект за збогатување ураниум во Иран и клучен дел од нуклеарната програма на Исламската Република. Нарекувајќи го местото за збогатување неактивно, Камалванди рече дека нема потреба од загриженост поради можно радиоактивно загадување.

Тој не сподели повеќе детали, но рече дека биле распоредени стручни тимови од Организацијата за атомска енергија за да го испитаат инцидентот.

Сместен на околу 250 км јужно од Техеран, објектот Натанз беше цел та на софистициран компјутерски напад пред речиси една деценија. Вирусот„стакснет“, наводно, бил употребен за да го саботира збогатувањето преку онеспособување на гасните центрифуги, а мрежниот напад влијаел на целата нуклеарна програма, призна тогашниот претседател Махмуд Ахмадинеџад.

Локацијата беше спомената и во нуклеарниот договор во 2015 година, кој е во опасност откако САД се повлекоа од него во 2018 година. Како одговор на повлекувањето, Техеран се повлече од своите обврски и одново почна со збогатување ураниум над границите утврдени во договорот.

Спонзорирано: