8.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ново аудио: Мицкоски бил против СЈО за да ги спаси Камчев и Мијалков од „Империја“

Ново продолжение од состанокот на Христијан Мицкоски со Зоран Милевски Кичеец и со Слободанка Алексовска се појави на интернет. Во новата аудио снимка Мицкоски одново зборува за Сашо Мијалков и Орце Камчев. Тврди дека тој е единствениот што застанал против СЈО и против Законот за Јавно обвинителство за да може да ги спаси Камчев и Мијалков од прогон, пред се од досието за финансиски криминал „Империја“.

Мицкоски му се жали на Кичеец дека и покрај тоа што тој е единствен во намерата да им помогне да се спасат, тие сепак зборувале јавно против него.

„Знаеш, ова делува малку мазохистички, жртвата се вљубува во киднаперот. Мене ем ме тепаат, ем имаат очекувања од мене. Сега се заљубени во Зоран Заев оти он е добриот.“- се слуша на снимката како Мицкоски му се доверува на Кичеец.

Денешното продолжение на аудиото уште еднаш потврдува дека постоела спрега помеѓу Мицкоски од една, и Камчев и Мијалков од друга страна. Со парите кои тие му ги давале, едниот му платил комунални долгови за партијата, другиот за автобуси за на митинг, очекувале услуга за возврат, Мицкоски да го спречи Законот за Јавно обвинителство и да се бори СЈО да биде затворено. Во праксата и се потврди токму тоа, пратениците на ВМРО ДПМНЕ упорно спречуваа донесување на законот, па дури и за закануваа со насилство врз одредени пратеници за да не го гласаат. Што значи дека сите наводи од аудио снимките се реализира и во пракса. Камчев и Мијалков ги дале парите, нелегално и без да ги пријават, а Мицкоски потоа вложувал напори да ги спаси и двајцата од кривичен прогон.

Но, таквиот проект на Мицкоски не успеа, Законот за Јавно обвинителство е донесен, а против Камчев и Мијалков и понатаму има дела за процесуирање. Ова значи дека поблиску до остварување е ветувањето на Заев дека правдата ќе стигне секого и дека секој ќе одговара за своите постапки.

Овие аудио исечоци од состанокот на Мицкоски со Кичеец потврдија неколку работи, сите зрели за обвинителска истрага, па и санкции. Прво, Мицкоски тесно соработувал со Камчев и Кичеец, едни од главните во случајот „Рекет“, па оттаму и неговата можна поврзаност со случајот. Второ, Камчев му дал нелегални пари, а Мицкоски ги искористил за партиски долгови. Трето, и Мијалков му дал црни пари на Мицкоски, ама тој не се грижел многу за тоа па си платил партиски автобуси за митинг во Скопје. Четврто, иако Мицкоски примил пари од двајцата, сепак не ги пријавил кај надлежните, иако имал законска обврска. И на крајот, Јавното обвинителство не смее да ги премолчи овие факти.