11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Жителите на десет предградија на Мелбурн повторно во карантин

Карантински мерки ќе бидат воведени во десет предградија на Мелбурн, како резултат на зголемувањето на бројот на заразени со коронавирус.

Премиерот на државата Викторија наведе дека мерките ќе стапат на сила на 1 јули во 23:59 часот по локално време и дека ќе важат до 29 јули.

Граѓаните ќе можат да ги напуштат своите домови за да одат по намирници, во случај на пружање или добивање нега, да вежбаат, како и да одат на училиште и на работа, доколку работата од дома не е можна.

Неодамна отворените салони за убавина, спортските сали, библиотеки и базени во овие области повторно ќе бидат затворени, додека во кафулињата и рестораните, ќе биде можно да се подигнат нарачки, пренесува Си-Ен-Ен.

Во Викторија се пријавени уште 64 нови случаи на коронавирус, а бројот на нови случаи во оваа земја има двоцифрен број 14 дена по ред.

Спонзорирано: