14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТИЗБОР

Во Кина откриен нов вирус кој би можел да стане пренослив од човек на човек

Кинеските научници предупредуваат дека откриле нов вирус што е сличен на свинскиот грип од 2009 година.

Вирусот може да се пренесе на луѓето, а за главен носител се сметаат домашните свињи. Истражувачите се загрижени дека вирусот може да мутира и да стане лесно пренеслив од човек на човек и да доведе до нова епидемија, пишуваат светските медиуми.

Вирусот засега не е проблем, но научниците стравуваат дека ги покажува сите знаци на брзо прилагодување на луѓето и има потреба од внимателно следење.

Новиот вирус е сличен на свинскиот грип, но има некои разлики. Истражувачите го нарекоа G4 EA H1N1 и велат дека може да се сместува и да се размножува во клетките што ги покриваат дишните патишта на човекот. Овој вирус бил пронајден кај работници во кланиците во Кина. Сегашните вакцини против грип не штитат од него, но експертите велат дека препаратите може да се модифицираат и да понудат заштита од G4 ЕА H1N1.

Спонзорирано: