Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Mеркел: Носам маска во продавница

Германската канцеларка, Ангела Меркел, изјави дека досега не е видена со маска за лице во јавноста, бидејќи ја носи при купување намирници.

Меркел се насмеа кога новинар ја праша на прес-конференција заедно со францускиот претседател, Емануел Макрон: „Забележително е дека не ве видовме со маска на лицето. Зошто?“.

Меркел одговори: „Ако ги следам правилата за далечина, тогаш не ми треба маска. Но, кога не можам, како што е случајот кога одам во продавница, на пример, тогаш ние очигледно не сме налетале еден на друг, инаку ќе ме видевте со маска на лицето“.

„Но, јас нема да ви кажам каде купувам“, се насмеа канцеларката.

Меркел се соочува со пораст на популарноста поради начинот на кој таа се справува со корона-кризата во земјата.

Германија се справува многу подобро од повеќето нејзини европски соседи благодарение на широко распространетите тестирања, стабилниот здравствен систем и големите пакети за економска поддршка.