4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Обнова му треба на ВМРО ДПМНЕ, а не на државата, таа е на прав пат

СДСМ ги престави носителите во четвртата изборна единица, Зоран Заев и Соња Мираковска, на трибина во Гевгелија. Лидерот на партијата во говорот се осврна и на негативната кампања што ја води ВМРО ДПМНЕ.

„Јасно е како бел ден какви опции имаме на 15 јули. Нашата понуда е понуда за иднината. Другата опција нуди обнова, но забораваат дека обнова им треба на партијата, не на државата, државата е на прав пат. Зарем сакаме повторно да имаме новинари во затвор, повторно да имаме крвави настани како 27 април, видовме ние таква обнова, исто каква што беше нивната преродба. Сега избрале негативна кампања да водат, но граѓаните знаат се, затоа ќе знаат што да заокружат. Затоа одиме со целосна позитивна кампања и ветуваме европска иднина и економска перспектива.“- истакна Заев.

Во продолжение Заев кажа неколку зборови и за политичкиот опонент во четвртата изборна единица, Александар Николовски.

„Со глас за ВМРО ДПМНЕ и за Александар Николовски ќе се вратат рудниците во Гевгелија, тие ги даваа коцесиите, ние ги укинувавме за да ја заштитиме животната средина. Инаку, Николовски е од Охрид, но живее во Скопје и сега тој дојде да зборува за лозарите и земјоделците, исто како ние струмичани и гевгеличани да зборуваме за пастрмката или туризмот. Зборот на Николовски е збор на Груевски. И сега ме повикуваат на дебата, ама прво нека се договорат кој ќе биде лидер на партијата, дали Мицкоски или Николовски, кој од нив ќе зборува наместо Груевски? Оти во ВМРО ДПМНЕ добро знаат кој ќе победи на изборите, па сега кај нив постои борба за превласт на лидерската позиција“- анализираше Заев и порача дека која и да е комбинацијата, сите понуди на ВМРО ДПМНЕ се исти, приврзаници на режимот и криминалот на Груевски.