9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТ

Трамп: Информациите за руско-талибански заговор за убивање американски војници не се веродостојни

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави во неделата вечерта дека причината поради која не бил брифиран за наводниот руски заговор со Талибанците за убиство на американските сили во Авганистан е затоа што разузнавачите не сметале оти извештајот е веродостоен, пренесува „Гардијан“.

„Разузнавачите само ми кажа дека не ги сметаат за веродостојни овие информации и затоа не ги пријавиле кај мене или на @VP. Ова е веројатно уште една фабрикувана измама околу Русија, можеби од страна на креаторите на лажни вести @nytimesbooks, сакајќи да претстават републиканците во лошо светло!“, објаснил Трамп во твитот.

Претходно во неделата, Трамп ги поддржа тврдењата од Белата куќа дека тој и Пенс не биле запознати со наводниот заговор.

„Њујорк тајмс“ во петокот објави за заговорот и тврдеше дека претседателот Трамп бил запознаен со ситуацијата и разговарал за тоа на крајот на март со Националниот совет за безбедност на Белата куќа.

Во извештајот се вели дека се одмерувале неколку опции, вклучувајќи санкции и протест преку дипломатски канал, но Белата куќа допрва треба да авторизираа некаков одговор.

Секретарот за печат на Белата куќа, Кајли Мекенани, и директорот за Национално разузнавање, Џон Ратклиф, објавија изјави во саботата во кои се вели дека Трамп и Пенс не биле брифирани на оваа тема. Во изјавата на Мекенани се коментира за „неточноста на приказната на ‘Њујорк тајмс‘ која погрешно сугерира дека претседателот Трамп бил брифиран за ова прашање“.

Спонзорирано: