19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Сите 13 милиони граѓани на Баварија ќе бидат тестирани на коронавирус

Владата на германската покраина Баварија има намера сите граѓани да ги тестира за коронавирус, без оглед дали имаат симптоми, а особено се под лупа погоните за преработка на месо, пренесува „Дојче веле“ и истакнува дека не мислат сите дека таквото масовно тестирање има смисла.

Министерката за здравство, Мелани Хумл, најави „офанзива со тестирање“, а тестовите треба да ги вршат избрани лекари од општа пракса.

Фокусот ќе биде ставен на најранливите – жители на домови за стари и немоќни лица или пациенти кои лежат во болници, потоа луѓе кои работат на чувствителни и фреквентни места, како што се наставници и воспитувачи.

Деталниот план за тестирање треба да биде изработен во наредните денови. Сите трошоци ќе бидат на товар на покраината, доколку здравственото осигурување не ги покрие трошоците за тестирање.

Во Баварија имаат намера да продолжат со масовно тестирање на вработените во кланици и погони за преработка на месо, откако изби најголемото жариште на корона во Европа во кланицата „Тенис“ во западниот дел на земјата. „Ние сакаме да испитаме дали тешката физичка активност или работата на неповолни температури се дополнителен фактор на ризик за инфекција“, рече Хумл.

Деновиве често се слуша дека студот влијае на ширењето на вирусот, а температурите се ниски во погоните каде што се работи со сурово месо.

Во моментов се вратени остри мерки против епидемијата во западните области Гитерлох и Варендорф, каде што живеат повеќе од 600.000 луѓе. Таму е кланицата „Тенис“ во која се заразија над 1.500 луѓе.

Спонзорирано: