15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

По Камчев, И Мијалков скриен финансиер на Мицкоски

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски, признава дека еден од финансиерите на партијата е Сашо Мијалков. Оваа доверлива информација тој му ја соопштува на Зоран Милевски Кичеец на нивната средба чија содржина во делови периодов се појавува на интернет. Новото продолжение на аудио снимката го потврдува токму тоа, дека Мијалков несебично ја помага ВМРО ДПМНЕ, со тоа што во два наврати дал 10 000 евра и ги платил партиските автобуси за митингот во Скопје на 2 јуни, 2018 година.

Кичеец го предупредува Мицкоски дека некои во партијата не сакале да го гледаат Мијалков во партиското седиште. А се слуша како Мицкоски пренесува дека Мијалков не се појавува таму. Со оваа потврда изнесена лично од Мицкоски дека Мијалков и понатаму е дел од партијата, но во позадина, односно дека ги финансира нејзините активности. Претходно од истиот разговор помеѓу Мицкоски и Кичеец се дозна дека Камчев ги платил партиските долгови за комуналии за да може партијата да функционира. Од денеска е потврдено дека покрај Камчев, скриен финансиер на Мицкоски му е и Мијалков.

Тоа е сега јасно, двајцата даваат пари во ВМРО ДПМНЕ, но нејасно е дали ги пријавиле парите? Дали Мицкоски ги известил надлежните органи за парите што му ги дале, а биле искористени за партиски долгови и активности? Преку овие аудио снимки се дозна дека Мицкоски сепак имал тесна соработка и со Кичеец, кому му доверува информации, и со Камчев кого приватно го посетува и му зема пари за долгови, но и со Мијалков кој му ги плаќа автобусите.

Оттаму, после ова на ВМРО ДПМНЕ и на одредени структури им пропаѓа планот да го поврзуваат дејствувањето на Мијалков со СДСМ и со Заев. Мијалков сепак е во ВМРО ДПМНЕ и тоа не како било, туку како финансиер што позицијата му ја прави уште поцврста.

Претходно пак, се потврди дека Мицкоски имал соработка со Камчев и Кичеец, учесниците во случајот „Рекет“. Дали има поврзаност и на Мицкоски ќе мора да истражат надлежните.

Спонзорирано: