9.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Мијалков сепак соработува со Мицкоски, плаќа за партиски автобуси на ВМРО-ДПМНЕ

Ново продолжение од аудио снимката, на која се слушаат гласовите на Христијан Мицкоски и Зоран Милевски Кичеец, е објавено на интернет. Од содржината се дознава дека Сашо Мијалков му дал 10 000 евра на Мицкоски за да организира автобуси за учесниците на митингот одржани на 2 јуни, 2018 година.

Мицкоски одново му изнесува доверливи информации на Кичеец, со што одново ја потврдува нивната блиска соработка, дека Мијалков не се појавувал во партија и дека за тоа му било многу тешко, но сепак издвоил 10 000 евра за партиските автобуси.

Кичеец пак му зборува на Мицкоски дека партиски приврзаници коментирале дека Сашо не сакале да го видат како влегува во седиштето на партијата. Со денешното кратко аудио повторно се појавуваат пари, претходно тие на Камчев со кои ВМРО ДПМНЕ си платила долгови за комунални трошоци, а сега и овие на Мијалков за автобусите.

И одново се поставува прашањето, истото што и за Камчев, дали парите од Мијалков се пријавени некаде? На која основа тој му ги дал на Мицкоски? Со оглед дека главен протагонист во двете верзии, и онаа со покриените долгови од Камчев и оваа со Мијалков, е лично лидерот на ВМРО ДПМНЕ тогаш сите одговори ги знае Мицкоски. Тој е должен на јавноста да и објасни, но и на надлежните органи, дали парите што ги примил некаде ги завел, ги пријавил, легално ги уплатил?

И додека јавноста сведочи дека сепак најблиски соработници на Мицкоски му се Камчев и Кичеец, оти си разменуваат доверливи информации и со одат во приватни посети, колку и тоа претходно да го демантираше Мицкоски, денешната снимка потврдува уште една работа, дека Мијалков сепак има реалции со партијата и нејзиниот лидер, дека сепак гласините дека Мијалков работи за СДСМ се злонамерни и измислени да му наштетат во случајов на Зоран Заев.

Секое ново продолжение од разговорот помеѓу Мицкоски и Кичеец открива нови детали за злоупотреба на пари, и затоа ќе мора и надлежните институции да се позанимаваат со овие случаи, кои на тацна им ги послужува лидерот на ВМРО ДПМНЕ.

Спонзорирано: