11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
СВЕТ

Лавров: Одлуката за отворање на границите сè уште не е донесена

Сè уште не е донесена одлука кога ќе се отвори воздушниот, патниот и железничкиот сообраќај со други земји, кој е суспендиран поради пандемијата на коронавирусот, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Во интервју за „Раша тудеј“, тој рече дека таквата одлука веројатно ќе биде донесена во блиска иднина, во зависност од „искуството низ кое сите поминуваме“.

Лавров истакна дека никој не можел да го предвиди обемот на пандемијата на коронавирус и затоа Москва ќе извлече заклучоци за својата подготвеноста за можен втор бран.

„Се разбира, никој не може да ги испланира размерите на катастрофата и затоа е невозможно да се создадат структури на државно ниво и да се предвиди вакво нешто“, рече Лавров.

Тој посочи дека во сегашната состојба епидемиолозите треба да донесат одлуки.

Спонзорирано: