3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Кина има безбедна и донекаде ефикасна вакцина против коронавирусот

На кинеската војска ѝ се дозволи да користи вакцина против коронавирус развиена од нејзините истражувачи и лабораторијата „Кансино биолоџикс“, откако клиничкото тестирање се покажа безбедно и донекаде ефикасно, соопштија од компанијата.

Станува збор за Ad5-nCoV, еден од осумте кинески кандидати за вакцина за кои е дозволено тестирање на луѓе во земјата и во странство.

Вакцината е одобрена за тестирање кај луѓето и во Канада.

Кинеската централна воена комисија ја одобри, според изјавата на „Кансино биолоџикс“, употребата на таа вакцина во армијата за период од една година.

Компанијата одби да одговори на прашањето од „Ројтерс“ дали вакцинацијата ќе биде задолжителна, наведувајќи дека станува збор за деловна тајна.

На почетокот на овој месец, Кина им понуди два кандидата за вакцина на вработените во државни компании кои патуваат во странство.

Спонзорирано: