9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Двојно повеќе престрелки во Њујорк минатата недела во однос на истиот период лани

Престрелките во Њујорк минатата недела се зголемиле повеќе од двојно во однос на истиот период минатата година, тврдат полициски извори за „Њујорк пост“.

Од минатиот понеделник до полноќ во неделата имало 63 престрелки, при што биле застрелани вкупно 85 жртви. Во истата временска рамка минатата година имало 26 престрелки.

Сепак, бројот на убиства бил намален минатата недела во споредба со истиот период минатата година. Лани биле убиени шест лица во споредба со девет смртни случаи од пукање минатата година. Престрелките минатата недела вклучуваат крвава 12-часовна „огнена кампања“ од саботата до неделата, во која 11 лица беа застрелани во Бруклин, Бронкс, Квинс и на Менхетен.

Спонзорирано: